Училишни практики во демократската ера

Центар за човекови права и разрешување конфликти

Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) е експертска НВО која е основана за постигнување на следните цели: 1) помагање на граѓаните на Република Северна Македонија да преземат активна улога во решавањето на нерешливи конфликти засновани на етничките и други разлики и 2) промовирање на концептот за човекови права и основни слободи како суштински дел од глобалната политичка, правна и социјална трансформација што се случува во земјата.

За да се постигнат овие цели, ЦЧПРК презема разни активности што ги промовираат човековите права и правата на децата на сите нивоа на образование (од предучилишно образование до високо образование). Вработените во ЦЧПРК имаат експертиза и долгогодишно искуство во планирањето, спроведувањето и оценувањето на образовните програми финансирани од меѓународни организации што најчесто се имплементираат во соработка со клучните образовни институции во земјите.

Главните подрачја на стручност на вработените се: развој на наставната програма, унапредување на работата во училиштето, професионален развој на наставниците и развојна наставна методологија која придонесува во развојот на клучните компетенции кај учениците за доживотно учење неопходни за граѓаните во модерно демократско општество (вклучувајќи ги и социјалните и граѓанските компетенции).

Во моментот фокусот на работа на Центарот е на проценка на влијанието на социоемоционалната програма за основното образование, развиена и спроведена во соработка со Светската банка.

Исто така во тек е имплементација на проектот „Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера“ во рамки на програмата „Демократска и инклузивна култура во функција“, кој е финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа, чијшто фокус е промовирање на човековите права, демократијата и владеење на правото.

Основната цел на проектот е промовирање на развојот на компетенциите за демократска култура и дигитални вештини со користење на ИКТ-алатки и иновативна методологија базирана на компетенции.