Училишни практики во демократската ера

Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера

Општи информации

  • Проектот е финансиран од Европската Унија и Советот на Европа (ЕУ и СЕ) и  е имплементиран од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) со поддршка на Бирото за развој на образованието (период на реализација од 3 септември 2018 до 31 март 2019 год.).
  • Грантот е доделен во рамки на програмата „Демократска и инклузивна култура во функција“ под име „Човекови права и демократија во акција“, која е промовирана во 2013 година. Програмата е дел од документот „Повелба за образование на демократско граѓанство и човекови права“, која е усвоена од Комисијата на министрите за образование од 47 држави членки на Советот на Европа во 2010 год., меѓу кои е и Република Северна Македонија.
  • Основата на Проектот е Референтната рамка на компетенции за демократска култура што вклучува модел на компетенции за демократска култура која официјално е промовирана во 2018 година од страна на Советот на Европа и Моделот на дигитално граѓанско образование на Советот на Европа. Референтната рамка се базира на долготрајните приоритети и вредности на Советот на Европа: еднаквост, достоинство и почит.
  • Во реализацијата на Проектот се користени голем број ресурси и наставни материјали издадени во изминатите години од Советот на Европа.

Главна цел

Промовирање на развојот на компетенциите за демократска култура и дигитални вештини со користење на ИКТ-алатки и иновативна методологија базирана на компетенции.

Специфични цели

  1. Подигање на свеста за важноста од развивање на компетенции за демократска култура (КДК) и вештини за дигитално граѓанство на онлајн средина и социјални медиуми.
  2. Поттикнување на наставниците да користат педагошки приоди во кои учениците се во центарот на учењето и наставни методи базирани на развој на компетенции за демократска култура преку ИКТ (модел на дигитално граѓанско образование на Советот на Европа).
  3. Поттикнување на развојот на вештините за дигитално граѓанство и компетенциите за демократска култура кај учениците (вредности, ставови, вештини и знаење и критичко разбирање).
  4. Развивање на моделот на оценување за напредокот на учењето кај учениците со користење на дескрипторите за оценување во секојдневната практика (како дел од моделот.
  5. Промовирање на „пристапот на училиште во целина“ со вклученост на сите наставници во развојот на „демократско училиште за сите“ со примена на моделот на компетенции за демократска култура.
  6. Промовирање на соработка и заеднички активности меѓу наставниците и учениците од партнерските училишта.

Постигнати резултати

  • Превод на македонски јазик на публикациите во три дела „Референтна рамка на компетенции за демократска култура“.
  • Дизајн на онлајн платформата со примери на ученички активности, видеа, постери и онлајн презентации.
  • Изработка на документ за образовна политика со препораки за промовирање на компетенции за демократска култура и дигитални компетенции на национално ниво.

Постигнати ефекти

  • Промовирани нови модели на соработка.
  • Поттикнати компетенции кај наставниците и стручните соработници (продлабочени знаења и компетенции за демократска култура, продлабочени вештини за примена на иновативна методологија и продлабочени вештини за оценување на компетенции кај учениците, продлабичени компетенции за саморефлексија).
  • Развиени компетенции за демократска култура кај учениците.
  • Поттикнато учество на учениците во училишниот живот.

Пилот-училишта

  • ОУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода, Скопје (македонски наставен јазик)
  • ОУ „Лирија“ – Чаир, Скопје (албански наставен јазик)
  • Гимназија „Орце Николов“, Скопје (македонски наставен јазик)
  • Гимназија „Зеф Љуш Марку“, Скопје (албански наставен јазик)

На секое училиште му е доделен грант во висина од 500 евра за набавка на опрема.

Реализирани активности

  1. Дводневна обука 1 за училишните тимови од 4 пилот-училишта(5–6 ноември, 2018).
  • Тема – Запознавање со моделот на компетенции за демократска култура (вредности, ставови, вештини, знаење и критичко размислување).
  • Цел – градење на капацитетите на училишните тимови/обучувачи за користење на наставни пристапи/методологија каде што учениците се во центарот на учење насочени кон развој на компетенциите за демократска култура и вештини за граѓанско образование.
  1. Дводневна обука 2 за училишните тимови од 4 пилот-училишта (17–18 јануари, 2018).
  • Тема – Рефлексија и планирање на идните активности.
  • Цел – Продлабочување на капацитетите на наставниците за примена на ученички активности за демократска култура со користење на иновативна методологија.
  1. Стручна поддршка на училиштата и менторски активности (ноември 2018 март 2019)
  • Цел на менторски средби – Заедничко планирање на ученички активности, набљудување на активности и давање повратни информации.
  • Реализација на 32 ученички активности – Фаза 1 – 16 (ноември – декември 2018)  и Фаза 2 – 16 (февруари – март 2019).
  • Теми – дискриминација, насилство и интерент-насилство, права на децата, демократска партиципација на учениците.
  • Активности – изучување на правата поврзани со одговорности, симулации за преземање одговорност во донесување одлуки, анализа на политиката за намалување на насилството, изработка на промотивен материјал за кампања за намалување на загадувањето, намалување на насилството и дискриминацијата, организирање дебати и гласање, изработка на реклами за правата на децата, подготовка на новинарски известувања, решавање на ситуации со проблематично однесување, справување со говор на омраза, изработка на статут/устав со права и одговорности во училница, изработка на стрип – изнаоѓање решение за справување со ситуации на насилство или дискриминација.
  • Користена методологија – дискусија во мала и голема група, истражување, играње улоги, демонстрации и симулации преку сценарија од реалниот живот, анализа на текстови.
  • Развивање на следни компетенции за демократска култура ВРЕДНОСТИ: вреднување на човечкото достоинство и човековите права; вреднување на демократијата, правдата, праведноста, еднаквоста и владеење на правото; СТАВОВИ: почит; граѓанска свест; одговорност; самоефикасност; толеранција; ВЕШТИНИ: вештини за самостојно учење; вештини за аналитичко и критичко мислење, вештини за слушање и набљудување; емпатија; јазични, комуникативни и повеќејазични вештини; вештини за соработка; вештини за решавање конфликти; ЗНАЕЊЕ И КРИТИЧКО РАЗБИРАЊЕ – за себеси, за јазикот и комуникацијата и за светот.
  1. Креирање на онлајн платформа – постирање (објавување) на планови на ученички активности и финални продукти креирани од ученици (видеа, постери и онлајн презентации).
  2. Завршен настан за креаторите на образовните политики и пошироката стручна јавност.
            • Презентација на реализирани активности (обуки, менторски средби, ученички активности со примена на наставна методологија базирана на компетенции).
            • Промовирање на онлајн платформата со реализирани примери на ученички активности од практиката на образованието за демократско граѓанство и човекови права (видеа, електронски постери и други продукти).
            • Промовирање на публикациите продуцирани од Европската Унија и Советот на Европа преведени на македонски јазик и можност за нивно користење на пошироката јавност.