Училишни практики во демократската ера

Ресурси

Референтна рамка

Дел 1

Контекст, концепти и модел

Дел2

Дел 2

Дескриптори на компетенции за демократската култура

Дел 3

Дел 3

Насоки за имплементација

Obrazovanie

Книга 1

Образование за демократија

Rastenje

Книга 2

Растење во демократија

Ziveenje

Книга 3

Живеење во демократија

Ucestvo

Книга 4

Учество во демократија

Soznavanje

Книга 5

Сознавање на детските права

Predavanje

Книга 6

Предавање демократија

KaziGoSvoeto

ПРИРАЧНИК  „Кажете го своето!“

Obelezuvaci

ПРИРАЧНИК „Обележувачи“ Борба против говорот на омпраза на интернет преку едукација за човековите права

Publikacija

ПУБЛИКАЦИЈА „Како сите наставници можат да го поддржат граѓанството и образованието за човекови права: рамка за развивање на компетенциите“

Kompasito

ПРИРАЧНИК „Компасито“

Преводот на публикацијата „Референтна рамка на компетенции за демократска култура“ на македонски јазик поделена во три книги е подготвена од страна на проектот „Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера“ имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување на конфликти (ЦЧПРК) со финансиска поддршка на Европска Унија и Советот на Европа. Оваа публикација е наменета за наставниците од сите образовни нивоа, од предучилишно образование до основно, средно и високо образование, вклучувајќи ги и образованието за возрасни и стручното образование. Рамката е заснована на следните вредности на Советот на Европа: промовирање и заштита на човековите права, демократија и владеење на правото и претставува сеопфатен ресурс при планирањето, спроведувањето и оценувањето на компетенциите за демократска култура и интеркултурен дијалог.

 

Публикацијата „Референтна рамка на компетенции за демократска култура“ се состои од три книги:

 

Книга 1 – Контекст, концепти и модел

Првата книга содржи Модел на компетенции што им се потребни на младите да се подготват да функционираат како демократски и интеркултурно компетентни граѓани. Моделот опфаќа 20 компетенции поделени во четири области – вредности, ставови, вештини и знаење и критичко разбирање. Ова се компетенции кои наставниците треба да ги користат како основа да ги поттикнат учениците да се стекнат со компетенции за да станат активни и одговорни граѓани во модерно, милтикултурно и демократско општество.

 

Книга 2 – Дескриптори на компетенции за демократска култура

Втората книга содржи дескриптори кои ги претставуваат целите за учење и резултатите за секоја компетенција. Овие дескриптори се наменети да им помогнат на наставниците да направат проценка на актуелното ниво на совладаност на секоја од компетенциите на своите ученици и да се идентфикуваат нивните потреби за понатамошно учење и развој.

 

Книга 3 – Насоки за имплементација

Третата книга содржи насоки како Моделот на компетенции може да се примени во образовните системи. Насоките се однесуваат на тоа како моделот да се користи при креирање  и развој на курикулумите во сите наставни предмети, кои педагошки методи и пристапи се најпогодни за учење и развивање на компетенциите и за важноста на оценувањето за напредокот на учениците со употреба на дескрипторите.