Училишни практики во демократската ера

Archive

Човекови права и одговорности

На учениците им се поставуваат следните прашања: Што знаете за правата на децата? Со кој документ се регулирани  правата? Што знаете за Конвенцијата  на  правата  на   децата? Од учениците се бара преку бура на   идеи  да ја надополнат  реченицата ИМАМ   ПРАВО  НА..............  Одговорите на учениците се пишуваат  на табла.

Права и одговорности на учениците

Дали децата имаат право да прават што сакаат? (Ги наведувам учениците да размислуваат во рамки на домот, училиштето, меѓу своите другари и сл. – Очекувани одговори –  повеќе негативни одговори   Какви права имаат децата? – Очекувани одговори: право на живот, право на слобода, право на избор, право на слободно изразување, право на образование ...

Изразување и творење – Дебатирање

На учениците им се најавува дека продолжуваат со активностите за учество и донесување одлуки, но на повисок степен. Преку бура на идеи (исто така и преку слајдови) се потсетуваат на претходната активност. Се поставуваат одредени прашања.

Насилство на интернет

Се почнува  со  бура  на  идеи за поимот насилство. Учениците се поттикнуваат да дадат примери на секојдневно насилство и одговорите се пишуваат на табла. Откако ќе се исцрпат одговорите, побарајте од учениците да ги групираат во три категории: физичко, вербално и насилство со однесување.

Разговор како вид на комуникација

На учениците им се објаснува дека часот ќе го почнат со игра „Борба за портокал“. Оделението се дели на две групи, група А и група Б. На двете групи задачата им се дава посебно. На групата А ѝ се кажува да остане во училницата, додека на групата Б ѝ се ...

Справување со дискриминација – прв дел

На учениците им се даваат инструкции кој каде да седне во училницата. Се бара секој од учениците од лист/листови хартија да направат топка. Потоа им се кажуваат правилата на играта: секој од своето место, без станување, треба да постигне погодок во корпата за отпадоци. Тој што ќе постигне „кош“, ќе ...

Скала на учество

Учениците преку бура на идеи се прашуваат да наведат што подразбираат под активно учество на децата во донесување на одлуки. Одговорите се пишуваат на табла. Од учениците се бара да наведат примери на учество во донесување на одлуки во семејството, а потоа примери на учество во донесување на одлуки во училиштето. ...

Борба против говор на омраза

На учениците им се објаснува дека активноста ќе вклучи истражување на употребата на интернетот како ресурс за добивање информации. Учениците ги прашуваме: • Дали и колку често користите интернет? • За што најчесто го користите интернетот? • Дали имате омилени веб-страници? • Кои се вашите омилени веб-страници?