Училишни практики во демократската ера

СУГСГ ,,Орце Николов”

Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје е училиште со традиција и постои повеќе од 60 години. Во неа учат околу 1 200 ученици и работат 70 наставници.

Во училиштето се применува најнова технологија во наставата од страна на професионален и иновативен кадар.

Училиштето  секогаш е отворено за нови идеи, кои кај учениците поттикнуваат креативност, дисциплина и култура, развој на способностите и на талентите. Со  тоа училиштето ги подготвува учениците да одговорат на животните предизвици.

Училиштето е препознатливо по своите критериуми за висок квалитет, одговорност и почитување на вредностите за демократска култура и други човечки вредности.

ПЛАНОВИ НА АКТИВНОСТИ

НАСИЛСТВО И ИНТЕРНЕТ-НАСИЛСТВО

Борба против насилство на интернет – Анета Сековска, четврта година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Кампања против насилство – изработка на веб страница – Кристина Ристовска, втора година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Структура на веб страницата – Кампања против насилство – Кристина Ристовска, втора година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

 

ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЦИПАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ

Активно учество на учениците – Ивана  Лазеска, прва година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Креирање на политика за намалување на насилство – Анита Сековска, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Дебатираме и одлучуваме – Ивана  Лазеска, прва година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

 

ПРАВА НА ДЕЦАТА

Промовирање на правата на децата – Викторија Георгиевска, втора година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

 

ДИСКРИМИНАЦИЈА

Справување со дискриминација – изработка на веб страница – Кристина Ристовска и Ана Попризова, трета година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Структурата на веб страницата – Справување со дискриминација – Кристина Ристовска и Ана Попризова, трета година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Стрип за дискриминација и насилство – Викторија Георгиевска, втора година, СУГС „Орце Николов“, Скопје

Активности

Структура на Веб страна на тема „Справување со дискриминација“

Од учениците се бара да замислат ситуација во која наставникот им забранува на оние ученици кои носат сина облека да излезат на голем одмор со објаснување дека треба да ја средат училницата. Учениците во парови дискутираат за следните прашања: Како би се чувствувале доколку сте еден од тие кои носеле сина облека? Што мислите дали [...]

Партиципација на децата и младите во донесување на заеднички одлуки

Наставникот им посочува на учениците слика со порака за учество, односно неучество во донесување одлуки. Повикува на дискусија како учениците го разбираат процесот на носење одлуки, какво влијание има истото во нашиот живот и со какви последици можеме да дојдеме во контакт по донесувањето на одлуките. Ги прашува дали се благодарни за извесни одлуки кои [...]

Стрип за насилство и дискриминација

Учениците се потсетуваат на активноста за правата на децата и нивната истражувачка работа на правата на насилство и злоупотреба и дискриминација. На учениците им се поставуваат следните прашања: ·         Што знаете  сега повеќе за правата на децата, особено за правата на насилство и злоупотреба и дискриминација, кои подетално ги истражувавте? ·         Дали тоа што го [...]

Сајбер насилство

Почетна Како да го спречиме ова насилство? Правила за користење на интернетот Сајбер насилство е нова форма на насилство најчесто помеѓу тинејџерите, но доста често се појавува и кај возрасните. Тоа е всушност еден вид на насилство коешто се појавува на социјалните мрежи и на интернетот. Тука спаѓа секој вид на навредување, потсмевање или омаловажување [...]

Справување со дискриминација

Почетна Вести Дополнително Лични случаи Линкови Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа, етнос, сексуален идентитет) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето или заштитата на нивните човекови права и слободи. Има 6 типа на дискриминација според "Equality Act 2010": Директна дискриминација, Дискриминација што [...]

Човекови права и Конвенција за правата на децата

Учениците седнуваат во круг. Се зема клопче волница и учениците го фрлаат еден на друг, кажувајќи „Имам право на...“ Од учениците се очекува да кажат некое свое право што тие сметаат дека го имаат. Штом еден ученик ќе го каже своето право, го фрла клопчето на друг ученик по негов избор држејќи го крајот од [...]

Активно учество на учениците

Учениците преку бура на идеи се прашуваат да наведат кои права на децата ги познаваат. Одговорите на учениците се пишуваат на табла. Напишаните права се резимираат и доколку не е наведено правото, почитување на мислењето на децата (член 12 од Конвенцијата за правата на децата), правото на дискриминација (член 2) и правото за заштита од [...]

Борба против насилство на интернет

На таблата (или на слајд 1) се пишува следната стимулирачка изјава. Од учениците се бара секој индивидуално да ја прочита изјавата и се поттикнуваат тивко и без коментари на глас да размислат за неа. Вашиот пријател го објави овој коментар на социјаните мрежи: „Се чуствувам тажно... зошто луѓето не ме оставаат на мира“ PDF документ [...]

Кампања против насилство

Учениците се прашуваат што подразбираат под терминот интернет-насилство. Одговорите се пишуваат на табла (според одговорите на учениците може заеднички да резимира дека интернет-насилство е кога некој користи интернет или мобилен телефон да навредува, понижува, прави шеги или да им се заканува на другите). PDF документ од активностаВеб страница

Креирање на политика за намалување на насилство

Учениците се потсетуваат на одржаната активност „Борба против насилство“. Се прашуваат дали се сеќаваат на сценаријата и улогите на кругот на поддршката на жртвите на насилство. Се резимираат следните улоги – пријатели,  училиште, други (семејство, полиција, младински клубови, веб-страници и кампањи преку интернет и социјални медиуми). PDF документ од активноста