Училишни практики во демократската ера

ООУ „Круме Кепески“

Училиштето „Круме Кепески“ постои од 1962 година. Во него учат 728 ученици со околу 60 вработени.

„Круме Кепески“ е инклузивно училиште со квалитетен и посветен стручен кадар. Во училиштето се води грижа за здравјето и безбедноста на учениците и се воспитуваат да градат трајни вредности во животот, да ги почитуваат граѓанските права и обврски и да живеат во духот на мир, толеранција и меѓусебно почитување.

Карактеристично за училиштето е што учениците се следат од секој аспект (образовен, емоционален, социјален), водејќи сметка за почитувањето на индивидуалните разлики и оптимален развој на секој од нив.

ПЛАНОВИ НА АКТИВНОСТИ

НАСИЛСТВО И ИНТЕРНЕТ-НАСИЛСТВО

Емпатија  – „во чевлите на некој друг“ – Нарциса Блажевска, осмо одделение, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Спарвување со насилство на интернет – Татјана Пеливанова, девето одделение, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Интернет-насилство и кршење на човековите права – Андријана Тасевска, седмо одделение, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Насилство на интернет и дигитално граѓанство – Нарциса Блажевска, девето одделение, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Интернеткомуникација и безбедност – Наташа Јаковческа, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

 

ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЦИПАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ

Загадување на воздухот – проверка на фактите – Борче Димитриевски, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Демократски вредности на граѓаните и општеството –  истражување – Наташа Јаковческа, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Секој има право на глас – Татјана Пеливанова, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Демократско дебатирање и собирање гласови, – Наташа Јаковческа, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Новинарско известување/репортажа за загадување на воздухот – Борче Димитриевски, седмо одделение, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

 

ПРАВА НА ДЕЦАТА

Реклама за правата на децата – Андријана Тасевска, седмо одделение, ОУ „Круме Кепески“, Скопје

Активности

Новинарско известување/Репортажа за загадување на воздухот

Од учениците се бара да се потсетат на заклучоците од истражувањата направени во врска со загадувањето на воздухот. На табла се пишуваат главните заклучоци. Учениците се потсетуваат на  следните регулативи и документи поврзани со правата за заштита на здрава животна средина. PDF документ од активноста

Демократско дебатирање и собирање гласови

На учениците им се поставуваaт следните мотивирачки прашања: „Што правите кога некој ви кажува нешто со кое се согласувате?“, „Што правите кога некој ви кажува нешто со кое не се согласувате?“   Очекувани одговори: дебатираме, се караме, се повлекувам, понекогаш го менувам мислењето итн. PDF документ од активноста

Справување со насилство на интернет

Со учениците се поведува дискусија според претходно дадената домашна работа да истражуваат на интернет за поимите: гласање, избори, демократија, учество на избори, набљудување, организации за набљудување на изборите (домашни и странски) и слично. Се појаснуваат поимите: номинација, кандидати, говор на изборна кампања, програма на кандидатот. На учениците им се објаснува дека во Универзалната декларација за [...]

Насилство на интернет и дигитално граѓанство

Преку бура на идеи учениците се прашуваат да наведат кои веб-страници, социјални мрежи, апликации и сл. најчесто ги посетуваат (Instagram, FB, Twitter, Wikipedia, Twich, You tube...). На учениците им се поставуваат следните прашања: ·         Што најчесто пребарувате на интернет? ·         Освен Википедија, дали консултирате други веб-страници за пишување домашни задача? ·         Колку често сте на [...]

Интернет комуникација и безбедност

На учениците им се поставува прашањето дали користат интернет. Се очекува потврден одговор и им се поставува прашањето: „Кои правила за користење на интернет-мрежата ги знаете/применувате?“ Се применува техниката „бура на идеи“ и сите идеи што ги имаат учениците се запишуваат на табла. Се разгледуваат идеите што ги излистале учениците на таблата. Со учениците се [...]

Демократски вредности на граѓаните и општеството

Запознавање со ученичките права и одговорности. Истражување за демократските вредности на граѓаните и општеството. Развивање на аналитичко мислење. Продлабочување на знаењата од статистичка обработка на резултатите. Продлабочување на знаењата на графичко прикажување на резултатите. PDF документ од активноста

Насилство на интернет

На учениците им се најавува дека продолжуваат со активности за насилство и интернет-насилство. Учениците во парови дискутираат за следните прашања дадени во работниот лист 1: Што значи да се биде храбар? (примери на очекувани одговори – да се има смелост, да се одбрани некој, да се спротивстави на социјални притисоци). Како можете да покажете храброст [...]

Емпатија – „Во чевлите на некој друг“

Учениците се прашуваат дали може да се сетат на некој пример кога  имале расправија со некој пријател или кога некоја блиска личност ги повредила нивните чувства – пример на ситуација кога посакале некој да ги разбере како се чувствувале? Од учениците се бара во парови да ги разменат своите искуства со доживеани непријатни чувства. PDF [...]

Реклама за правата на децата

На учениците им се поставуваат следните прашања како потсетување на правата на децата од претходните работилници: Зошто правата на децата се важни? Што мислите, дали може некое право да му се одземе на некого доколку не го заслужува? PDF документ од активностаРаботен лист

Интернет – Насилство и кршење на човековите права

Учениците се прашуваат: „Што е тоа насилство?“ и  дали чуле за поимот „електронско насилство“ или cyberbullying – бура на идеи. Учениците се делат и работат во 4 групи (по околу 5–6 ученици) на работниот лист – мисловна мапа – „Што е електронско насилство?“ Секоја група презентира и се води кратка дискусија за тоа што е [...]

Загадување на воздухот – Проверка на фактите

Учениците донесоа одлука да истражуваат и да преземат акција за загадувањето на воздухот во нашиот град и држава, како еден од најактуелните и најзагрижувачките проблеми. Во воведниот дел се бара уште еднаш да ги образложат аргументите зашто одлучиле да работат на овој проблем. PDF документ од активноста