Пред 30 години светот ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Со оваа Конвенција човештвото за прв пат во историјата јасно и недвосмислено ги дефинираше неотуѓивите права на најмладите граѓани на државите во светот.
Конвенцијата за правата на детето содржи права преку кои се обезбедува минимум заштита и минимум стандарди за правилен развој на децата, кои треба да бидат обезбедени од страна на државите. Оваа заштита на децата треба да биде обезбедена во рамките на здравствениот систем, во рамките на образованието на децата, во правните односи, како и во рамките на социјалните услуги за децата.
Конвенцијата за правата на децата структурално е составена од преамбула, која го претставува воведниот дел на конвенцијата и вкупно 54 членови категоризирани во пет посебни групи.
Првата група, се однесува на права на децата кои се од економски карактер или економските права на децата, втората група ги покриваат правата на децата кои се однесуваат на социјалата и културта, или социјалните и културните права на децата, третата група опфаќа граѓански и политички права на децата, четвртата група ги опфаќа правта на децата кои влегуваат во делокругот на малолетничкото судство и петтата или последна група на права на децата се нивните хуманитарни права.