Училишни практики во демократската ера

Партиципација

Во изминатата деценија, за учеството на младите честопати се вели дека е „право“.

На пример, УНИЦЕФ смета дека учеството претставува човеково право и затоа Конвенцијата на ОН за правата на детето го истакнува правото на децата да учествуваат.

Роџер Харт (Roger Hart), автор на концептот наречен „скала на учество“, вели дека учеството претставува основно право на граѓанството затоа што тоа претставува начин како да се научи што значи да се биде граѓанин.

Во Советот на Европа, на учеството на младите се гледа како на „право на младите да се вклучат и да преземат задолженија и одговорности во секојдневниот живот на локално ниво, како и правото да влијаат на процесите во нивните животи на демократски начин“. Учеството како право повлекува и дека сите млади може да го остваруваат ова право без дискриминација – без оглед на тоа од каде доаѓаат или на кој јазик зборуваат.   

Учеството на младите може исто така да се сфати како форма на партнерство помеѓу младите и возрасните. „Партнерството значи да се прават работите заедно. Тоа значи да се чуе гласот на сите, а различните идеи да се сфатат сериозно.“ Во практиката, тоа значи дека целите, задачите, улогите, одговорностите, одлуките итн. треба заеднички да се договараат и да се усвојуваат, и дека младите и возрасните точно знаат:  

  • што сакаат да направат;
  • што се очекува од нив;
  • што очекуваат од другите;
  • како ќе го постигнат тоа;
  • каков вид поддршка добиваат и од кого.  

Предноста на партнерството помеѓу младите и возрасните е што ги спојува вештините и талентите на младите со искуството и мудроста на возрасните. Исто така, со ваквото партнерство се признаваат и се вреднуваат сите поединечни придонеси, со што се мотивираат партнерите да се нафатат на уште повеќе иницијативи и проекти.

Активности

Партиципација на децата и младите во донесување на заеднички одлуки

Наставникот им посочува на учениците слика со порака за учество, односно неучество во донесување одлуки. Повикува на дискусија како учениците го разбираат процесот на носење одлуки, какво влијание има истото во нашиот живот и со какви последици можеме да дојдеме во контакт по донесувањето на одлуките. Ги прашува дали се благодарни за извесни одлуки кои [...]

Изразување и творење – Дебатирање

На учениците им се најавува дека продолжуваат со активностите за учество и донесување одлуки, но на повисок степен. Преку бура на идеи (исто така и преку слајдови) се потсетуваат на претходната активност. Се поставуваат одредени прашања. PDF документ од активноста

Новинарско известување/Репортажа за загадување на воздухот

Од учениците се бара да се потсетат на заклучоците од истражувањата направени во врска со загадувањето на воздухот. На табла се пишуваат главните заклучоци. Учениците се потсетуваат на  следните регулативи и документи поврзани со правата за заштита на здрава животна средина. PDF документ од активноста

Демократско дебатирање и собирање гласови

На учениците им се поставуваaт следните мотивирачки прашања: „Што правите кога некој ви кажува нешто со кое се согласувате?“, „Што правите кога некој ви кажува нешто со кое не се согласувате?“   Очекувани одговори: дебатираме, се караме, се повлекувам, понекогаш го менувам мислењето итн. PDF документ од активноста

Справување со насилство на интернет

Со учениците се поведува дискусија според претходно дадената домашна работа да истражуваат на интернет за поимите: гласање, избори, демократија, учество на избори, набљудување, организации за набљудување на изборите (домашни и странски) и слично. Се појаснуваат поимите: номинација, кандидати, говор на изборна кампања, програма на кандидатот. На учениците им се објаснува дека во Универзалната декларација за [...]

Демократски вредности на граѓаните и општеството

Запознавање со ученичките права и одговорности. Истражување за демократските вредности на граѓаните и општеството. Развивање на аналитичко мислење. Продлабочување на знаењата од статистичка обработка на резултатите. Продлабочување на знаењата на графичко прикажување на резултатите. PDF документ од активноста

Активно учество на учениците

Учениците преку бура на идеи се прашуваат да наведат кои права на децата ги познаваат. Одговорите на учениците се пишуваат на табла. Напишаните права се резимираат и доколку не е наведено правото, почитување на мислењето на децата (член 12 од Конвенцијата за правата на децата), правото на дискриминација (член 2) и правото за заштита од [...]

Извори и типови на загадување на воздухот

Активноста започнува со дискусија по следните прашања: Што подразбирате под загадување на воздухот и квалитет на воздухот? Што мислите, дали квалитетот на воздухот во нашиот град е добар или лош? Што покажуваат податоците за степенот за загадување на воздухот во Скопје? (Можете да ги споделите најновите информации од истражувањата на Европската агенција за животна средина [...]

Скала на учество

Учениците преку бура на идеи се прашуваат да наведат што подразбираат под активно учество на децата во донесување на одлуки. Одговорите се пишуваат на табла. Од учениците се бара да наведат примери на учество во донесување на одлуки во семејството, а потоа примери на учество во донесување на одлуки во училиштето. Одговорите се пишуваат на [...]

Креирање на политика за намалување на насилство

Учениците се потсетуваат на одржаната активност „Борба против насилство“. Се прашуваат дали се сеќаваат на сценаријата и улогите на кругот на поддршката на жртвите на насилство. Се резимираат следните улоги – пријатели,  училиште, други (семејство, полиција, младински клубови, веб-страници и кампањи преку интернет и социјални медиуми). PDF документ од активноста

Загадување на воздухот – Проверка на фактите

Учениците донесоа одлука да истражуваат и да преземат акција за загадувањето на воздухот во нашиот град и држава, како еден од најактуелните и најзагрижувачките проблеми. Во воведниот дел се бара уште еднаш да ги образложат аргументите зашто одлучиле да работат на овој проблем. PDF документ од активноста