Постапките што вклучуваат физичка сила и/или моќ и заплашување со намера да повредат, оштетат или да убијат некого или нешто се акти на насилство.
Интернет-насилството е нова форма на насилство што најчесто се појавува помеѓу тинејџерите, но присутно е и кај возрасните. Интернет-насилството се појавува на социјалните мрежи со користење на новата технологијата и вклучува навредување, потсмевање или омаловажување на други индивидуи и/или групи. За разлика од физичкото насилство, интернет-насилството може да се одвива „секогаш и секаде“, со тоа што насилникот не мора да е физички близу до жртвата. Насилникот не се соочува лице в лице со жртвата и често се случува насилство без идентификување на насилникот. Поради тоа насилникот се чувствува супериорен и заборава дека позади екранот всушност стои личност што исто така има чувства што можат да бидат повредени. Интернет-насилството ги надминува стереотипните претстави за насилник и жртва.
Насилството надминува бариери на пол, род, етничка припадност, религиозни уверувања, сексуална ориентација, социо-економски статус, место на раѓање и живеење…
Насилството влијае врз животот и на жртвата и на насилникот.
Последиците од насилството се повеќе од само непосредните повреди и има значјани краткотрајни или долготрајни ефекти, како пост-трауматско растројство, самоповредување и др.
Секој има право на живот БЕЗ насилство. Заштитата од насилство е дел од уживањето и почитувањето на основните човекови слободи и права, живот, личен интегритет, недискриминација и родова еднаквост.
Добрата вест е дека насилството може да се спречи.
“Лутината и нетолеранцијата се најголемите непријатели на вистинското разбирање“ – Махатма Ганди