Училишни практики во демократската ера

Дискриминација

Дискриминација! Сме чуле, но што е тоа? „Правење разлика во корист или на штета на одредени лица, групи“ е дискриминација. Актите и практиките што исклучуваат, создаваат нееднаквост и едноставно прават разлика помеѓу индивидуите врз основа на нивна вродена или стекната карактеристика и/или припадност во група/и  е дискриминација. Дискриминацијата може да биде предизвикана од стереотипи и предрасуди.

„Создавањето на свет во кој човечките суштества ќе уживаат слобода на говор и вероисповед и ќе бидат слободни од страв и немаштија“ е прогласено за највисок идеал (Преамбулата на УНИВЕРЗАЛНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ) додека „сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата“ (член 1)

Затоа

„Сите права и слободи му припаѓаат на секое лице без разлика во поглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго мислење, националното и општественото потекло, имотната состојба, раѓањето или кои било други услови“ (член 2).

Уживањето на правата и слободите им се обезбедени на сите и „без оглед на политичкиот, правниот или меѓународниот статус на земјата или теоријата на која и припаѓа некое лице, било да е независна, под старателство, несамоуправна или да се наоѓа под кои било други ограничувања на сувереноста.“

Сите акти на повреда на правата и слободите на луѓето врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа што е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор се акти на ДИСКРИМИНАЦИЈА.

Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на Република Македонија, бр.50/2010; бр.127/2010) ЗАБРАНУВА директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување (член 3).

Заштитата и забраната од дискриминација се однесува на сите физички и правни лица во процесот на остварување на правата и слободите гарантирани со Уставот и со законите на државата (член 2).

“Колку тажно време кога полесно е да разбиеш атом отколку предрасуди.” – Алберт Ајнштајн

Активности

Структура на Веб страна на тема „Справување со дискриминација“

Од учениците се бара да замислат ситуација во која наставникот им забранува на оние ученици кои носат сина облека да излезат на голем одмор со објаснување дека треба да ја средат училницата. Учениците во парови дискутираат за следните прашања: Како би се чувствувале доколку сте еден од тие кои носеле сина облека? Што мислите дали [...]

Стрип за насилство и дискриминација

Учениците се потсетуваат на активноста за правата на децата и нивната истражувачка работа на правата на насилство и злоупотреба и дискриминација. На учениците им се поставуваат следните прашања: ·         Што знаете  сега повеќе за правата на децата, особено за правата на насилство и злоупотреба и дискриминација, кои подетално ги истражувавте? ·         Дали тоа што го [...]

Справување со дискриминација

Почетна Вести Дополнително Лични случаи Линкови Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа, етнос, сексуален идентитет) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето или заштитата на нивните човекови права и слободи. Има 6 типа на дискриминација според "Equality Act 2010": Директна дискриминација, Дискриминација што [...]

Справување со дискриминација – прв дел

На учениците им се даваат инструкции кој каде да седне во училницата. Се бара секој од учениците од лист/листови хартија да направат топка. Потоа им се кажуваат правилата на играта: секој од своето место, без станување, треба да постигне погодок во корпата за отпадоци. Тој што ќе постигне „кош“, ќе добие награда. Наставникот ја позиционира [...]