Училишни практики во демократската ера

Активности

  • Сите
  • Дискриминација
  • Насилство и интернет-насилство
  • ООУ „Круме Кепески“
  • ООУ „Лирија“
  • Партиципација
  • Права на децата
  • СУГСГ ,,Зеф Љуш Марку”
  • СУГСГ ,,Орце Николов”

Структура на Веб страна на тема „Справување со дискриминација“

Од учениците се бара да замислат ситуација во која наставникот им забранува на оние ученици кои носат сина облека да излезат на голем одмор со објаснување дека треба да ја средат училницата. Учениците во парови дискутираат за следните прашања: Како би се чувствувале доколку сте еден од тие кои носеле сина облека? Што мислите дали [...]

Партиципација на децата и младите во донесување на заеднички одлуки

Наставникот им посочува на учениците слика со порака за учество, односно неучество во донесување одлуки. Повикува на дискусија како учениците го разбираат процесот на носење одлуки, какво влијание има истото во нашиот живот и со какви последици можеме да дојдеме во контакт по донесувањето на одлуките. Ги прашува дали се благодарни за извесни одлуки кои [...]

Стрип за насилство и дискриминација

Учениците се потсетуваат на активноста за правата на децата и нивната истражувачка работа на правата на насилство и злоупотреба и дискриминација. На учениците им се поставуваат следните прашања: ·         Што знаете  сега повеќе за правата на децата, особено за правата на насилство и злоупотреба и дискриминација, кои подетално ги истражувавте? ·         Дали тоа што го [...]

Човекови права и одговорности

На учениците им се поставуваат следните прашања: Што знаете за правата на децата? Со кој документ се регулирани  правата? Што знаете за Конвенцијата  на  правата  на   децата? Од учениците се бара преку бура на   идеи  да ја надополнат  реченицата ИМАМ   ПРАВО  НА..............  Одговорите на учениците се пишуваат  на табла. PDF документ од активноста

Права и одговорности на учениците

Дали децата имаат право да прават што сакаат? (Ги наведувам учениците да размислуваат во рамки на домот, училиштето, меѓу своите другари и сл. – Очекувани одговори –  повеќе негативни одговори   Какви права имаат децата? – Очекувани одговори: право на живот, право на слобода, право на избор, право на слободно изразување, право на образование и [...]

Изразување и творење – Дебатирање

На учениците им се најавува дека продолжуваат со активностите за учество и донесување одлуки, но на повисок степен. Преку бура на идеи (исто така и преку слајдови) се потсетуваат на претходната активност. Се поставуваат одредени прашања. PDF документ од активноста

Правата на децата и нивните одговорности

На едната старна од училницата се поставува напис „СЕ СОГЛАСУВАМ“ а од другата страна и „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ (да има доволно простор меѓу нив). Претходно се црта линија и на учениицте им се објаснува да замислат дека ова е скала од 1 до 10, каде што 10 е ЦЕЛОСНО СЕ СОГЛАСУВАМ И 1 Е ВООПШТО [...]

Сајбер насилство

Почетна Како да го спречиме ова насилство? Правила за користење на интернетот Сајбер насилство е нова форма на насилство најчесто помеѓу тинејџерите, но доста често се појавува и кај возрасните. Тоа е всушност еден вид на насилство коешто се појавува на социјалните мрежи и на интернетот. Тука спаѓа секој вид на навредување, потсмевање или омаловажување [...]

Справување со дискриминација

Почетна Вести Дополнително Лични случаи Линкови Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа, етнос, сексуален идентитет) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето или заштитата на нивните човекови права и слободи. Има 6 типа на дискриминација според "Equality Act 2010": Директна дискриминација, Дискриминација што [...]

Како да спречиме насилно однесување

1.       Учениците се прашуваат: „Што значи да имаш добро – фер однесување и љубезно однесување спрема другите?“ (Се очекуваат одговори како што се: да се покаже почит, да се биде праведен, да се биде пријател со сите, меѓусебно да се сослушуваат, да не се исмејуваат, да не се навредуваат, да нема насилство.)   2.       Учениците [...]

Новинарско известување/Репортажа за загадување на воздухот

Од учениците се бара да се потсетат на заклучоците од истражувањата направени во врска со загадувањето на воздухот. На табла се пишуваат главните заклучоци. Учениците се потсетуваат на  следните регулативи и документи поврзани со правата за заштита на здрава животна средина. PDF документ од активноста

Како да се спротиставиме?

1.       На табла се пишува изјавата: „Сѐ е во ред во нашето одделение!“ Учениците се прашуваат: „Дали навистина е така?“ 2.       На учениците им се дава задача да размислат за сѐ она што мислат дека не е во ред во нивното одделение. Од нив се бара да се потсетат на ситуации на неправилно однесување или [...]

Демократско дебатирање и собирање гласови

На учениците им се поставуваaт следните мотивирачки прашања: „Што правите кога некој ви кажува нешто со кое се согласувате?“, „Што правите кога некој ви кажува нешто со кое не се согласувате?“   Очекувани одговори: дебатираме, се караме, се повлекувам, понекогаш го менувам мислењето итн. PDF документ од активноста

Справување со насилство на интернет

Со учениците се поведува дискусија според претходно дадената домашна работа да истражуваат на интернет за поимите: гласање, избори, демократија, учество на избори, набљудување, организации за набљудување на изборите (домашни и странски) и слично. Се појаснуваат поимите: номинација, кандидати, говор на изборна кампања, програма на кандидатот. На учениците им се објаснува дека во Универзалната декларација за [...]

Насилство на интернет и дигитално граѓанство

Преку бура на идеи учениците се прашуваат да наведат кои веб-страници, социјални мрежи, апликации и сл. најчесто ги посетуваат (Instagram, FB, Twitter, Wikipedia, Twich, You tube...). На учениците им се поставуваат следните прашања: ·         Што најчесто пребарувате на интернет? ·         Освен Википедија, дали консултирате други веб-страници за пишување домашни задача? ·         Колку често сте на [...]

Интернет комуникација и безбедност

На учениците им се поставува прашањето дали користат интернет. Се очекува потврден одговор и им се поставува прашањето: „Кои правила за користење на интернет-мрежата ги знаете/применувате?“ Се применува техниката „бура на идеи“ и сите идеи што ги имаат учениците се запишуваат на табла. Се разгледуваат идеите што ги излистале учениците на таблата. Со учениците се [...]

Демократски вредности на граѓаните и општеството

Запознавање со ученичките права и одговорности. Истражување за демократските вредности на граѓаните и општеството. Развивање на аналитичко мислење. Продлабочување на знаењата од статистичка обработка на резултатите. Продлабочување на знаењата на графичко прикажување на резултатите. PDF документ од активноста

Насилство на интернет

На учениците им се најавува дека продолжуваат со активности за насилство и интернет-насилство. Учениците во парови дискутираат за следните прашања дадени во работниот лист 1: Што значи да се биде храбар? (примери на очекувани одговори – да се има смелост, да се одбрани некој, да се спротивстави на социјални притисоци). Како можете да покажете храброст [...]

Насилство на интернет

Се почнува  со  бура  на  идеи за поимот насилство. Учениците се поттикнуваат да дадат примери на секојдневно насилство и одговорите се пишуваат на табла. Откако ќе се исцрпат одговорите, побарајте од учениците да ги групираат во три категории: физичко, вербално и насилство со однесување. PDF документ од активноста

Човекови права и Конвенција за правата на децата

Учениците седнуваат во круг. Се зема клопче волница и учениците го фрлаат еден на друг, кажувајќи „Имам право на...“ Од учениците се очекува да кажат некое свое право што тие сметаат дека го имаат. Штом еден ученик ќе го каже своето право, го фрла клопчето на друг ученик по негов избор држејќи го крајот од [...]

Емпатија – „Во чевлите на некој друг“

Учениците се прашуваат дали може да се сетат на некој пример кога  имале расправија со некој пријател или кога некоја блиска личност ги повредила нивните чувства – пример на ситуација кога посакале некој да ги разбере како се чувствувале? Од учениците се бара во парови да ги разменат своите искуства со доживеани непријатни чувства. PDF [...]

Активно учество на учениците

Учениците преку бура на идеи се прашуваат да наведат кои права на децата ги познаваат. Одговорите на учениците се пишуваат на табла. Напишаните права се резимираат и доколку не е наведено правото, почитување на мислењето на децата (член 12 од Конвенцијата за правата на децата), правото на дискриминација (член 2) и правото за заштита од [...]

Борба против насилство на интернет

На таблата (или на слајд 1) се пишува следната стимулирачка изјава. Од учениците се бара секој индивидуално да ја прочита изјавата и се поттикнуваат тивко и без коментари на глас да размислат за неа. Вашиот пријател го објави овој коментар на социјаните мрежи: „Се чуствувам тажно... зошто луѓето не ме оставаат на мира“ PDF документ [...]

Разговор како вид на комуникација

На учениците им се објаснува дека часот ќе го почнат со игра „Борба за портокал“. Оделението се дели на две групи, група А и група Б. На двете групи задачата им се дава посебно. На групата А ѝ се кажува да остане во училницата, додека на групата Б ѝ се кажува да излезе надвор од [...]

Извори и типови на загадување на воздухот

Активноста започнува со дискусија по следните прашања: Што подразбирате под загадување на воздухот и квалитет на воздухот? Што мислите, дали квалитетот на воздухот во нашиот град е добар или лош? Што покажуваат податоците за степенот за загадување на воздухот во Скопје? (Можете да ги споделите најновите информации од истражувањата на Европската агенција за животна средина [...]

Интернет-насилство, превенција и онлајн комуникација

Се пушта видео каде што јасно се демонстрира насилство кај учениците. Откако учениците ќе го проследат видеото, се поставуваат прашања за содржината на видеото. ·        Што забележавте од ова видео? ·         Дали беше во ред насилното однесување спрема момчето? ·         Како се чувствуваше момчето врз кое беше направено насилно однесување? ·         Ако [...]

Справување со дискриминација – прв дел

На учениците им се даваат инструкции кој каде да седне во училницата. Се бара секој од учениците од лист/листови хартија да направат топка. Потоа им се кажуваат правилата на играта: секој од своето место, без станување, треба да постигне погодок во корпата за отпадоци. Тој што ќе постигне „кош“, ќе добие награда. Наставникот ја позиционира [...]

Скала на учество

Учениците преку бура на идеи се прашуваат да наведат што подразбираат под активно учество на децата во донесување на одлуки. Одговорите се пишуваат на табла. Од учениците се бара да наведат примери на учество во донесување на одлуки во семејството, а потоа примери на учество во донесување на одлуки во училиштето. Одговорите се пишуваат на [...]

Борба против говор на омраза

На учениците им се објаснува дека активноста ќе вклучи истражување на употребата на интернетот како ресурс за добивање информации. Учениците ги прашуваме: • Дали и колку често користите интернет? • За што најчесто го користите интернетот? • Дали имате омилени веб-страници? • Кои се вашите омилени веб-страници? PDF документ од активноста

Реклама за правата на децата

На учениците им се поставуваат следните прашања како потсетување на правата на децата од претходните работилници: Зошто правата на децата се важни? Што мислите, дали може некое право да му се одземе на некого доколку не го заслужува? PDF документ од активностаРаботен лист

Кампања против насилство

Учениците се прашуваат што подразбираат под терминот интернет-насилство. Одговорите се пишуваат на табла (според одговорите на учениците може заеднички да резимира дека интернет-насилство е кога некој користи интернет или мобилен телефон да навредува, понижува, прави шеги или да им се заканува на другите). PDF документ од активностаВеб страница

Креирање на политика за намалување на насилство

Учениците се потсетуваат на одржаната активност „Борба против насилство“. Се прашуваат дали се сеќаваат на сценаријата и улогите на кругот на поддршката на жртвите на насилство. Се резимираат следните улоги – пријатели,  училиште, други (семејство, полиција, младински клубови, веб-страници и кампањи преку интернет и социјални медиуми). PDF документ од активноста

Интернет – Насилство и кршење на човековите права

Учениците се прашуваат: „Што е тоа насилство?“ и  дали чуле за поимот „електронско насилство“ или cyberbullying – бура на идеи. Учениците се делат и работат во 4 групи (по околу 5–6 ученици) на работниот лист – мисловна мапа – „Што е електронско насилство?“ Секоја група презентира и се води кратка дискусија за тоа што е [...]

Загадување на воздухот – Проверка на фактите

Учениците донесоа одлука да истражуваат и да преземат акција за загадувањето на воздухот во нашиот град и држава, како еден од најактуелните и најзагрижувачките проблеми. Во воведниот дел се бара уште еднаш да ги образложат аргументите зашто одлучиле да работат на овој проблем. PDF документ од активноста