Училишни практики во демократската ера

Правата на децата и нивните одговорности

На едната старна од училницата се поставува напис „СЕ СОГЛАСУВАМ“ а од другата страна и „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ (да има доволно простор меѓу нив). Претходно се црта линија и на учениицте им се објаснува да замислат дека ова е скала од 1 до 10, каде што 10 е ЦЕЛОСНО СЕ СОГЛАСУВАМ И 1 Е ВООПШТО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ. На учениците им се објаснува дека ќе се читаат изјави со кои може да се согласуваат или да не се согласуваат. Кога ќе се прочита секоја од изјавите, на учениицте им се улкажува да заземат позиција на нацртаната линија во зависност од тоа во која мера се согласуваат. Кога сите ученици ќе се позиционираат се прашуваат да објаснат зошто ја зазеле позицијата каде се наоѓаат, а потоа се прашуваат и учениците од другата страна да објаснат.

Оставете коментар.