Училишни практики во демократската ера

Партиципација на децата и младите во донесување на заеднички одлуки

Наставникот им посочува на учениците слика со порака за учество, односно неучество во донесување одлуки. Повикува на дискусија како учениците го разбираат процесот на носење одлуки, какво влијание има истото во нашиот живот и со какви последици можеме да дојдеме во контакт по донесувањето на одлуките.

Ги прашува дали се благодарни за извесни одлуки кои ги донеле во животот (се обидува да ги насочи кон училишниот живот), или пак жалат за нив и бара подетална презентација на истите. Ги прашува да можеле да сменат нешто, дали би го направиле тоа и зошто.

Оставете коментар.