Справување со насилство на интернет
- Со учениците се поведува дискусија според претходно дадената домашна работа да истражуваат на интернет за поимите: гласање, избори, демократија, учество на избори, набљудување, организации за набљудување на изборите (домашни и странски) и слично.
Се појаснуваат поимите: номинација, кандидати, говор на изборна кампања, програма на кандидатот.
- На учениците им се објаснува дека во Универзалната декларација за човекови права во член 21 е наведено дека секој граѓанин има право „да учествува во вршење на јавни функции, директно или индиректно, преку слободно избрани претставници“ и дека „владата се формира по пат на редовни, тајни и праведни избори“.
- На учениците им се поставуваат следните прашања:
- Што се фер избори?
- Зошто гласањето треба да биде тајно?
- Кој има право на глас?