Училишни практики во демократската ера

Сајбер насилство

Сајбер насилство е нова форма на насилство најчесто помеѓу тинејџерите, но доста често се појавува и кај возрасните. Тоа е всушност еден вид на насилство коешто се појавува на социјалните мрежи и на интернетот. Тука спаѓа секој вид на навредување, потсмевање или омаловажување на социјалните мрежи.

За разлика од врсничкото насилство, сајбер насилството се одвива во текот на целиот ден, и во секој момент со тоа што насилникот не мора да е физички близу до жртвата, и тој не се соочува лице во лице со неа. Поради тоа тој се чувствува супериорен и заборава дека позади екранот всушност стои личност која исто така има чувства кои можат да бидат повредени.

ЗАШТИТИ ЈА СВОЈАТА ПРИВАТНОСТ

Поголемиот дел од интернет насилниците ги задеваат луѓето поради тоа што им е здодевно, а не бидејќи имаат намера да навредат или навистина повредат некого.

Поради тоа, никогаш не прифаќај непознати луѓе за пријатели на социјалните мрежи, Доколку веќе имаш непознати пријатели, отстрани ги од твојот профил, бидејќи никогаш не можеш да знаеш кој стои позади екранот.

Не заборавај да ги подесиш безбедносните опции, заштити го својот профил такашто ќе направиш тој да биде достапен само за твоите пријатели.

НЕ ОТВОРАЈ ПОРАКИ ОД НЕПОЗНАТИ

Пораката „не разговарај со непознати“ исто така важи и на интернетот. Некои луѓе само сакаат да извлечат реакција од жртвата. Доколку возвратиш на насилникот со иста мера, тогаш и ти стануваш како него. Најдобриот совет е да се игнорираат сите пораки или понуди за пријателства од непознати.

КОРИСТИ ГИ ЗАШТИТНИТЕ АЛАТКИ

Скоро сите социјални мрежи имаат опции коишто овозможуваат блокирање на одреден профил, доколку тоа е потребно. Со оваа опција, профилот којшто е блокиран нема да има пристап до профилот на жртвата, па така нема да може да продолжи да ‘и додева.

Покрај блокирањето, исто така постои опција „mute“ којашто нема да го блокира целиот профил на индивидуата која додева, туку само ќе ги игнорира пораките коишто таа ги испраќа. Може да се случи насилникот да почне да креира нови профили преку кои ќе може повторно да ‘и додева на жртвата. Во овие случаи добар начин да се избегнат понатамошни контакти со него е барем привремено да се деактивира профилот.

ПРИЈАВИ

Доколку горенаведените чекори не успеваат, и доколку ситуацијата започне да излегува надвор од контрола, најдобро е разговорите да се зачуваат и случајот што побрзо да се пријави. Можеш да пријавиш во училиште, во полиција, а со оглед на тоа што сајбер насилството е против условите за користење на социјалните мрежи, можеш и да ја користиш опцијата „report“ која ја имаат поголемиот број мрежи вклучувајќи го Facebook, Instagram, Twitter, и други.

НЕМОЈ ДА ПИШУВАШ СО ГОЛЕМИ БУКВИ

Пишувањето на пораки со големи букви може да делува како да му викаш на соговорникот.
Личноста со која комуницираш не може да го види изразот на твоето лице, или пак да го слушне твојот глас.

НЕ ОДГОВАРАЈ НИКОМУ ДОКОЛКУ СИ ЛУТ

Секогаш смири се пред да одговориш некому. Како во реалниот живот, така и на социјалните мрежи никогаш не е паметно да се разговара додека еден од соговорниците е бесен.

НИКОМУ НЕ ЈА КАЖУВАЈ ЛОЗИНКАТА

Целта на лозинката е да го заштити твојот профил. Лозинката треба да е само твоја тајна, а тајната не е тајна доколку ја споделиш. Исто така добра идеја е повремено да ја менуваш твојата лозинка.

НЕ ОБЈАВУВАЈ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Никогаш немој да објавуваш твои лични податоци на социјалните мрежи. Тука спаѓаат телефонскиот број, адресата… Запомни дека ништо што ќе објавиш на интернет не е сосема приватно, и сѐ останува зачувано во интернет просторот.

НЕ ПРЕПРАЌАЈ ПОРАКИ БЕЗ ДОЗВОЛА

Доколку се допишуваш со некого преку приватна порака, тој разговор треба и да остане приватен. Сѐ додека твојот соговорник не се согласи – никогаш не ги препраќај твоите разговори со него.

НЕ КОМУНИЦИРАЈ СО НЕПОЗНАТИ

Комуницирањето со непознати на интернет е лошо исто како и комуницирањето со непознати во живо. На интернет секој може лажно да се претстави користејќи лажни податоци. Секогаш запомни дека никогаш не можеш да знаеш кој стои од другата страна на екранот.

Почетна

Како да го спречиме ова насилство?

Правила за користење на интернетот

Оставете коментар.