Училишни практики во демократската ера

Како да спречиме насилно однесување

1.       Учениците се прашуваат: „Што значи да имаш добро – фер однесување и љубезно однесување спрема другите?“ (Се очекуваат одговори како што се: да се покаже почит, да се биде праведен, да се биде пријател со сите, меѓусебно да се сослушуваат, да не се исмејуваат, да не се навредуваат, да нема насилство.)

 

2.       Учениците се прашуваат: „Дали некој некогаш се однесувал нефер спрема вас, ве навредил, ве исмејувал“? Од учениците се бара да напишат на ливчиња во боја примери на „добро и фер однесување“ со љубезно однесување и почит и примери на „лошо и нефер однесување“ со непочитување, навредување, исмејување, насилство. На учениците им се кажува примерите со фер однесување да ги стават во кутија на која е напишано – ДОБРО, „ФЕР“  ОДНЕСУВАЊЕ , а во кутија на која е напишано „НЕФЕР“ ОДНЕСУВАЊЕ да ги стават примерите на лошо однесување.

 

3.       Учениците откако ќе ги стават ливчињата, наставникот ги отвора кутиите и ги чита напишаните примери. Потоа наставникот ги поставува следните прашања:

 

·         Како се чувствувате кога некој спрема вас има добро, фер однесување, а како кога се однесува лошо и нефер?

·         Како постапувате кога некој спрема вас се однесува лошо и нефер?

·         Како постапувате кога гледате лошо, нефер однесување спрема другите?

·         Како може да ги направиме нашата училница, нашето училиште, нашето соседство подобро место за живеење?

·         Како ја разбирате паролата/мотото – ОДНЕСУВАЈ СЕ СПРЕМА ДРУГИТЕ НА НАЧИН КАКО  ШТО ТИ САКАШ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ СПРЕМА ТЕБЕ.

Оставете коментар.