Училишни практики во демократската ера

Како да се спротиставиме?

1.       На табла се пишува изјавата: „Сѐ е во ред во нашето одделение!“ Учениците се прашуваат: „Дали навистина е така?“

2.       На учениците им се дава задача да размислат за сѐ она што мислат дека не е во ред во нивното одделение. Од нив се бара да се потсетат на ситуации на неправилно однесување или проблеми што се случиле во нивното одделение. Учениците се насочуваат размислувањето да биде во некоја од следниве насоки:

·         фрлање на отпадоци по училницата, ходниците или училишниот двор;

·         гласно викање и вревење;

·         задевање, навредување, исмејување, озборување;

·         буткање, правење сопки во училница, ходник или училиштен двор;

·         попречување во работата на другите;

·         исклучување на некои ученици во различни игри или дружење;

·         оштетување на мебел (столчиња, клупи, шкафови);

·         упаѓање во збор или други разговори додека другите зборуваат.

3.       На учениците им се кажува да ги запишуваат примерите на проблемите на самолепливи ливчиња и да ги залепат на хамер.

4.       Откако ливчињата ќе се залепат на хамер, наставникот ги чита на глас и се обидува да ги подреди примерите по категории.

5.       На учениците им се поставуваат следните прашања:

·         Кои се причините за ваквите однесувања?

·         Дали може овие проблеми да се решат?

·         Кои од наведените проблеми може да се решат и на кој начин може да се решат?

 

Оставете коментар.