Училишни практики во демократската ера

Интернет комуникација и безбедност

На учениците им се поставува прашањето дали користат интернет. Се очекува потврден одговор и им се поставува прашањето: „Кои правила за користење на интернет-мрежата ги знаете/применувате?“ Се применува техниката „бура на идеи“ и сите идеи што ги имаат учениците се запишуваат на табла. Се разгледуваат идеите што ги излистале учениците на таблата.

Со учениците се води дискусија за напишаните идеи. Доколку е потребно се поставуваат дополнителни прашања за одредени правила што се испуштени (на пример: почитување на приватноста, значењето на говорот на омраза). Тоа што е испуштено се дополнува.

Оставете коментар.