Училишни практики во демократската ера

Извори и типови на загадување на воздухот

Активноста започнува со дискусија по следните прашања:

  • Што подразбирате под загадување на воздухот и квалитет на воздухот?
  • Што мислите, дали квалитетот на воздухот во нашиот град е добар или лош?
  • Што покажуваат податоците за степенот за загадување на воздухот во Скопје?

(Можете да ги споделите најновите информации од истражувањата на Европската агенција за животна средина за загадување на воздухот, во кое Македонија од сите земји во Европа е најлошо рангирана и дека Скопје е еден од најзагадени градови во Европа.)

Зошто е важно да се зборува за квалитетот на воздухот? (Учениците се насочуваат во дискусијата самите да заклучат дека загадувањето на воздух е несакана состојба и дека содржи супстанции што се штетни по здравјето на човекот.)

Оставете коментар.