Разговор како вид на комуникација
На учениците им се објаснува дека часот ќе го почнат со игра „Борба за портокал“. Оделението се дели на две групи, група А и група Б. На двете групи задачата им се дава посебно. На групата А ѝ се кажува да остане во училницата, додека на групата Б ѝ се кажува да излезе надвор од училницата и да почека сѐ додека не биде повикана. На групата А ѝ се кажува дека нивна задача е да го земат портокалот што ќе биде оставен на средина за да направат сок од портокал.