Насилство на интернет
На учениците им се најавува дека продолжуваат со активности за насилство и интернет-насилство.
Учениците во парови дискутираат за следните прашања дадени во работниот лист 1:
- Што значи да се биде храбар? (примери на очекувани одговори – да се има смелост, да се одбрани некој, да се спротивстави на социјални притисоци).
- Како можете да покажете храброст доколку сте набљудувач/сведок на интренет-насилство? (примери на очекувани одговори: да ѝ се помогне на жртвата на насилство, да се покаже емпатија на жртвата, да се побара помош од доверлива возрасна личност).
- Наведете примери на ситуации кога сте ѝ помогнале на жртвата на насилство или интернет-насилство!
- Кои квалитети треба да ги имаат лицата помагачи на жртвата на интернет-насилство?