Интернет-насилство, превенција и онлајн комуникација
Се пушта видео каде што јасно се демонстрира насилство кај учениците.
Откако учениците ќе го проследат видеото, се поставуваат прашања за содржината на видеото.
· Што забележавте од ова видео?
· Дали беше во ред насилното однесување спрема момчето?
· Како се чувствуваше момчето врз кое беше направено насилно однесување?
· Ако би биле на негово место, што би направиле?
· Вие користите социјални мрежи. Дали некогаш сте забележеле дека некој на сличен начин бил жртва преку социјалните мрежи? Ако ДА, како реагиравте на таквото однесување?
· Што мислите, како може да се спречи ваквото насилно однесување преку социјалните мрежи, било вербално било физичко.