Училишни практики во демократската ера

Интернет – Насилство и кршење на човековите права

Учениците се прашуваат: „Што е тоа насилство?“ и  дали чуле за поимот „електронско насилство“ или cyberbullying – бура на идеи.

Учениците се делат и работат во 4 групи (по околу 5–6 ученици) на работниот лист – мисловна мапа – „Што е електронско насилство?“

Секоја група презентира и се води кратка дискусија за тоа што е електронско насилство и зошто сметаме дека се работи за насилство, при што се насочуваат да појаснат кои од наведените зборови асоцираат на електронско насилство, што пак вклучува електронско насилство, а што е последица од електронско насилство.

Оставете коментар.