Училишни практики во демократската ера

почитувани наставници,

Пред вас се наоѓа онлајн платформата која претставува продукт произлезен од проектот „Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера“, финансиран од  Европската Унија и Советот на Европа во рамки на заедничката програма „Демократска и инклузивна училишна култура во функција“ (Joint Programme “Democratic and Inclusive School Culture in Operation (DISCO)” и е имплементиран од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК) со поддршка на Бирото за развој на образованието.

Oсновата на активностите во Проектот се „Референтната рамка на компетенции за демократска култура“, која вклучува модел на компетенции за демократска култура, и „Дигиталното граѓанско образование“, кои се промовирани од страна на Советот на Европа. Моделот на компетенции за демократска култура е претставен во три публикации (Дел 1 – Контекст, концепти и модел; Дел 2 – Дескриптори; Дел 3 – Насоки за имплементација), кои во рамки на Проектот се преведени на македонски јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
0

Училишта

0

Теми

0

Активности

0

Ученици

Прашања и одговори

Често поставувани прашања и одговори на истите.

Онлајн платформата е подготвена за да ги сподели искуствата од ученичките активности што беа реализирани во рамки на овој Проект. Платформата содржи збирка на планови на активностите со работни листови, слики, видеа и електронски постери како успешни  практики на образованието за демократско граѓанство и човекови права. Суштината на овие примери е поттикнување на учениците да се однесуваат како компетентни и ефективни демократски граѓани преку користење на моделот на компетенции за демократска култура и преку примена на наставна методологија во кои учениците имаат активно учество.

Тоа што е значајно за оваа онлајн платформата е што неа можат да ја користат наставници и од основното и средното образование, но и професорите од наставничките факултети во практичната настава со своите студенти.

Нашите очекувања се дека оваа платформа може да се користи како прирачен материјал, и тоа не да не се прочита еднократно како текст, туку да се практикува како ресурс на кој постојано може да се навраќате. На тој начин може да ви послужи како инспирација за добивање нови идеи во процесот на планирање активности за вашите часови со тоа што ќе ги промовирате компетенциите за демократска култура. Искрено, се надеваме дека  на платформата ќе најдете многу интересни работи што би можеле да ги примените веднаш со вашите ученици или, пак,  да ги приспособувате според вашитете потреби.

Платформата содржи 32 примери на активности што се реализирани од страна на ваши колеги наставници од четирите пилот-училишта од Скопје: основните училишта „Лирија“ и „Круме Кепески“ и гимназиите „Орце Николов“ и „Зеф Љуш Марку“.

Примерите на активности се резултат на големиот ентузијазам,  мотивираноста и отвореноста за  нови знаења и компетенции што ги покажаа овие наставници за време на обуките и при практичната реализација на активностите со учениците во периодот на петмесечната работа на Проектот.

Активностите се развивани преку тимска работа во која наставниците со голема храброст и иновативност експериментираа и истражуваа како успешно да ги интегрираат клучните концепти на образованието за демократско граѓанство и човекови права во секојдневната наставна практика.

Понудените примери во онлајн платформата се однесуваат на следните теми: Дискриминација, Насилство и интерент-насилство, Права на децата и Демократска партиципација на учениците.

Во дадените примери учениците учат преку интерактивни вежби и преку примена на следните методи: дискусија во мала и голема група, истражување, играње улоги, демонстрации и симулации преку сценарија од реалниот живот и анализа на текстови.

Во примерите имате можност да видите како учениците учат искуствено  за клучните концепти на образованието за демократско граѓанство и човекови права, при што слободно го изразуваат своето мислење, самите ги поставуваат правилата, учат за правата на децата и ги повуваат со одговорностите, учат како да дебатираат и и да гласаат, како да преземаат одговорност во донесување одлуки и вежбаат како  да решаваат проблеми од реалниот живот.

Во примерите учениците се во улога на новинари, репортери или дизајнери на промотивен материјал за кампањи, како што се: намалување на загадувањето на воздухот, намалување на насилството, недискриминација, говор на омраза и сл.

Примерите, кои може директно да ги преземате од платформата, се опишани на конкретен и специфичен начин што овозможува лесно да се следат. Во поголем број случаи, активностите содржат работни листови и се придружени со фотографии од работата на учениците и од нивните продукти. Од некои активнсти како продукт можете да видите видеа или постери кои ги изработија самите ученици со поддршка на нивните наставници.

Примерите се подредени по училишта, но може да направите пребарување на активностите и преку темите: Дискриминација, Насилство и интерент-насилство, Права на децата и Демократска партиципација на учениците.

Многу од идеите за активностите во платформата произлегоа од публикациите што се прикачени во делот ресурси што ви ги препорачуваме да ги користите  при планирање на активностите за демократска култура. (РЕСУРСИ)

Преку oнлајн платформата имате можност и да нѐ конатктирате за прашања или информации поврзани со примената на активностите за демократска култура. Исто така, ве поттикнуваме вашите примери на успешни практики да ги споделувате со нас.

Теми

Теми на кои што работеа учениците кои учевстуваа на проектот.

null
Насилство и интернет-насилство
Постапките што вклучуваат физичка сила и/или моќ и заплашување со намера да повредат, оштетат или да убијат некого или нешто се акти на насилство.
Повеќе
null
Права на децата
Конвенцијата за правата на детето содржи права преку кои се обезбедува минимум заштита и минимум стандарди за правилен развој на децата, кои треба да бидат обезбедени од страна на државите.
Повеќе
null
Партиципација
Право на младите да се вклучат и да преземат задолженија и одговорности во секојдневниот живот на локално ниво, како и правото да влијаат на процесите во нивните животи на демократски начин.
Повеќе
null
Дискриминација
Дискриминација се сите акти на повреда на правата и слободите на луѓето врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство и т.н.
Повеќе

Покровители

Организациите кои овозможија овој проект да стане реалност.